„Зголемувањето на нивото на воена напнатост на таканареченото источно крило на НАТО (а токму тоа е и целта на некои од членките на блокот, меѓу кои е и Полска), и покрај наведувањето бравурозни аргументи, слабее, а не ја засилува безбедноста во регионот“, се наведува во соопштението на сајтот на МНР Русија.
„Повикот да се преиспита Основниот документ во кој се наведува обврската на Алијансата да не распоредува трајно дополнителни „значителни борбени сили“ на територијата на членките на блокот, го гледаме како настојување милитантниот курс на НАТО да се упати по патот од кој враќање нема“, се истакнува во соопштението на МНР РФ.
Министерството соопшти дека ваквите потези имаат голем деструктивен потенцијал и дека можат да предизвикаат низа негативни последици за целиот постоечки систем за безбедност во Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче