Кери одби да ја нарече Русија закана за постоењето на САД

Американскиот државен секретар Џон Кери изрази несогласување со зборовите на генералот Џозеф Данфорд за тоа дека Русија претставува закана за постоењето на САД.

Американскиот државен секретар Џон Кери изрази несогласување со зборовите на генералот Џозеф Данфорд за тоа дека Русија претставува закана за постоењето на САД, изјави во петокот официјалниот претставник на Стејт департментот Марк Тонер.

„Ние сосема сигурно имаме несогласувања со Русија поради нејзините активности во регионот. Но не сметаме дека тоа е закана по животот на САД“, изјави Тонер на редовниот брифинг за новинарите.

Подоцна портпатолот на Белата куќа Џошуа Ернест исто така изјави дека надворешнополитичкиот тим на претседателот на САД Барак Обама никогаш не извел заклучок дека Русија претставува главна закана по американската национална безбедност.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња