Тој додаде дека за таа цел е измислена и наводната опасност од страна на Русија.
Американските воени претставници тврдат дека Русија претставува една од најголемите опасности за постоењето на САД, истакнува Бекер. „Затоа тие им кажуваат на членките на НАТО: Подгответе се. Тоа е егзистенцијална закана. Треба да трошите повеќе пари, пари кои доаѓаат од другите делови на економијата на Европа“, изјави аналитичарот.
Меѓутоа, европските лидери со сигурност знаат дека наводната опасност од стана на Русија е глупост, вели Бекер. „Тие знаат со сигурност дека САД удираат во тапаните на војната за да ги наведат да потрошат што е можно повеќе пари за воена техника. Знаат дека американските генерали се политичари во униформа, а дека потоа стануваат големи бизнисмени. На американските генерали им е лесно да држат остар курс спрема Русија. Но Европа премногу добро ја знае опасноста од вистинска војна, опасноста од светска војна“, истакнува Бекер.
Тој исто така изјави дека НАТО ја присилува Европа да ги зголеми одбранбените трошоци без оглед на економската криза за да го спречи обновувањето на односите со Русија. Станува збор за тоа дека Франција, Германија и останатите големи членки на ЕУ можат да одржуваат со Русија „многу блиски и добри односи - економски, политички па дури и воени”. Затоа главната задача на Америка денес е „да ја сочува дисциплината на Алијансата“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче