На евроазискиот простор треба да владее мир, тој не може да биде поле за геополитчки игри, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на официјалниот прием во чест на шефовите на делегациите-учесници на самитот на БРИКС и заседанието на Советот на шефовите на државите-членки на Шангајската организација за соработка.
„За нас тоа (Евроазискиот простор) не е шаховска табла, не е поле за геополитички игри. Тоа е нашиот дом и сите заедно сакаме во тој дом да владее мир, изобилство, во него да нема место за екстремизам и обиди за задоволување на своите интереси на сметка на други“, изјави рускиот лидер.
Русија, според зборовите на Путин, ќе соработува со партнерите од БРИКС и ШОС за осигурување на безбедноста во Евроазија. Притоа тој истакна дека во различностите на земјите-членки на двете организации се состои нивната „сила, изворот на моќниот потенцијал за изработување на реални заемно прифатливи, консензуални решенија за клучните проблеми на современоста“.
Путин апелираше да се изнајдат усогласени одговори на глобалните предизвици и да се утврдат фер основи за односите меѓу државите во кои клучна улога ќе има ООН.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче