Песков: Путин се надева на брз компромис во прашањето за иранската нуклеарна програма

Претседателите на Русија и Иран дискутираа за проширување на соработката меѓу двете земји на полето на атомската енергетика.

Претседателот на Русија Владимир Путин се надева на брз компромис во решавањето на иранската нуклеарна програма, изјави за новинарите портпаролот на претседателот на руската држава Дмитриј Песков по разговорите на Путин со неговиот ирански колега Хасан Рохани.

„Путин ја истакна позитивната динамика на развојот на преговорите за иранската нуклеарна програма и изрази надеж дека во брзо време ќе се успее да се најде неопходниот компромис“, изјави Песков.

„Од иранска страна беше потенцирано дека решавањето на иранската нуклеарна проблематика ќе отвори нови хоризонти за руско-иранската соработка во контекст на соработка на полето меѓу двете земји, пред сѐ на полето на борба со тероризмот“, соопшти Песков.

Претседателот на Русија смета дека е неопходно да се координираат дејствата на РФ и Иран во борбата против забранаетата во Русија терористичка група „Исламска држава“.

Путин и Рухани исто така дискутирале и за проширување на соработката во атомската енергетика меѓу земјите.  Рускиот лидер изразил задоволство од степенот на соработка на полето на атомската енегетика. „Зборуваше за потенцијалот на проширувањето на соработката во оваа област“, изјави Песков пред новинарите.

Според неговите зборови, шефовите на двете држави разговарале и за воено-техничката соработка.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња