Некои од санкциите против Русија можат да останат засекогаш

Според зборовите на заменик-министерот на МНР на Русија Сергеј Рјабков, дел од антируските санкции воведени од западните земји по референдумот на Крим и Севастопол, можат да останат.

Сергеј Рјабков поаѓа од тоа дека за укинување на некои од санкциите ќе треба промена на позициите на Русија во однос на Крим.

„Тој дел од санкциите ќе остане засекогаш. Затоа што ние немаме намера ништо да не менуваме во нашата позиција за Крим“, го цитира РИА „Новости“ говорот на Рјабков на маргините на самитот на БРИКС во Уфа.

Во средата амбасадорот на САД во Русија Џон Тефт потврди дека санкциите воведени од Вашингтон во однос на Русија ќе продолжат да бидат активни најмалку до крајот на 2015 година, а за воведување нови санкции не му е познато ништо.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.