Медиуми: Општествената палата на Русија ќе ја тужи Украина пред Европскиот суд за човекови права

Поднесени се околу 500, а се разгледуваат уште 400 тужби за нанесување на морална и материјална штета.

Општествената палата на РФ собра материјали за 17 илјади тужби против Украина и има намера да ги поднесе до Европскиот суд за човекови права, пишува весникот „Известија“ повикувајќи се на членот на ОП РФ Георгиј Фјодоров.

„Општествената палата на РФ и другите организации за заштита на правото собраа материјали за 17 илјади тужби против државата Украина и имаат намера да ги поднесат во Европскиот суд за човекови права. Во секоја тужба се разскажува за кршењето на правата на еден човек или едно семејство во текот на воените дејствија на истокот на Украина“, пишува весникот повикувајќи се на Фјодоров.

Околу 500 се веќе поднесени, а 400 се примени на разгледување. Обично во тужбите се наведува сумата за компензација на морална и материјална штета во износ од 300 илјади рубли.  

„Затоа Европскиот суд за човекови права ќе ги задоволи сите 17 илјади тужби. Украина тоа ќе ја чини приближно 5 милијарди“, истакнува изданието, прецизирајќи дека постапката за првата тужба во ЕСЧП може да почне веќе при крајот на оваа година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња