Лавров: Русија не е заинтересирана за разгорување на конфликтот меѓу Грција и ЕУ

Москва нема никаков интерес „да додава масло на огнот“ меѓу ЕУ и Грција, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

„И покрај шпекулациите во некои медиуми, ние немаме никаков интерес „да додаваме масло“ на тој оган. Се обидуваа да нѐ обвинат дека седиме и радосно ги трламе рацете, гледајќи како Грција се расправа со Брисел, Париз, со Берлин. Тоа апсолутно не е така. Тоа е апсолутно извитоперување на нашите позиции, на нашите интереси“, потенцираше Лавров.

Тој додаде дека позицијата на Москва била објавена од претседателот на РФ Владимир Путин. „Таа се состои во тоа што ние сме заинтересирани за најбрзо наоѓање на општоприфатливо решение за проблемот со грчкиот долг“, изјави Лавров.

Министерот истакна дека Русија е заинтересирана „за силна ЕУ, која функционира и економски расте“.

„Се разбира дека е невозможно да се направи тоа ако во некоја од земјите на ЕУ, еврозоната, почнува да се случува криза. Ние сме за тоа да биде најдено заемно прифатливо решение“, потенцираше тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња