Малезиските предлог-резолуции во Советот за безбедност на ООН и статутот на трибуналот за спроведување независна истрага за падот на „Боингот“ во Украина се бесперспективни. Ова го изјави постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин.
„Лично не гледам никаква перспектива за овие документи. Треба да бидат тргнати настрана, да се почекаат резултатите од истрагата и потоа веќе да се размисли како поефикасно да се организира судската постапка“, изјави дипломатот.
Статутот на трибуналот е погрешно формулиран, поради што наведениот трибунал „би можел да се занимава не само со приказната за „Боингот“, но и со сѐ што ќе му одговара, што воопшто не е поврзано со неа“, рече Чуркин. Тој претпостави дека во наведениот случај станува збор не за барање на виновниците за авионската несреќа, ами за „обид да се организира грандиозно политичко шоу“.
Авторите на резолуцијата, како што смета постојаниот претставник на Русија, „отидоа далеку од рамките на разумното“. Тој потсети дека резолуцијата на Советот за безбедност Бр. 2166 е таа која бара да се земат на одговорност виновните за падот на „Боингот“. „Трупањето структури само ќе ѝ пречи на работата“, смета Чуркин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче