Ако Грција побара помош, РФ ќе разгледа разни варијанти

Грција не се обратила до Русија за помош, соопшти спикерот на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко во програмата на телевизијата „Русија 24“.

Грција сѐ уште не се обратила до Русија за помош, но доколку се случи тоа, РФ може да разгледа можни форми на поддршка, изјави во четвртокот  спикерот на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко.

„Грција ни е пријателска земја и Русија е подготвена да ѝ даде поддршка во форма во која тоа е можно. Грција сѐ  уште не се обратила за помош до нас, но ако се случи такво обраќање, ние сме подготвени да разгледаме различни варијанти“, рече Матвиенко.  

Претходно извор во владата на РФ изјави за РИА „Новости“ дека помош за Грција за надминување на должничката криза во тековните услови може да ѝ даде само меѓународна институција, а не одделни земји, и дека барања за помош во вид на финансиска поддршка до Русија од страна на Грција не стигнале.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.