„Штотуку добивме информација дека „Ошчадбанка“ поднела тужба против Руската Федерација во која бара компензација од околу 15 милијарди гривни за штетата што ја претрпела поради незаконската „анексија“ на Крим, што предизвика „Ошчадбанка“ да ги загуби приходите и имотот на украинска територија чиј дел е Автономната Република Крим”, изјави на седницата на кабинетото на министри на Украина премиерот на Украина Арсениј Јацењук.
Јацењук ги повика и другите државни компании на Украина да постапат на истиот начин.
„Исто така ги повикувам сите останати украински државни компании да постапат по углед на државната „Ошчадбанка“ на Украина за да ја повикаат Русија на одговорност и да бараат од неа надомест за загубите што ги претрпеле поради незаконската „анексија“ на Крим“, изјави Јацењук.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче