Појавата на дополнителна инфраструктура на границите на НАТО не соодветствува на договорот меѓу РФ и Алијансата, изјави на прес-конференцијата во Уфа шефот на МНР Сергеј Лавров.
„Најпрвин се изнесуваат гласни обвинувања на наша адреса, се формира јавното мислење, а потоа се повикуваат на него кога почнуваат преземаат веќе не реторички, ами апсолутно практични чекори, создавајќи воена структура на НАТО во близина на нашите граници, и со тоа се нарушуваат оние обврски преземени со Основниот акт меѓу РФ и Северноатлантската алијанса“, изјави Лавров.
„Ние нашите американски колеги ги потсетуваме редовно дека тоа јавно мислење на кое тие се обидуваат да реагираат, го создаваат самите тие“, потенцираше тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче