БРИКС дискутира за новата банка

ТАСС
Во Уфа наспроти самитот на БРИКС се одржа и заседание на Бизнис-советот. Основна тема за дискусија на заседанието беа перспективите на новата банка за развој.

На 8 јули во Уфа се одржа заседание на Бизнис-советот на БРИКС. На него беше утврден текстот во кој се поставени заклучоците од годишното претседателствување на Бразил. Овој документ им беше врачен на шефовите на државите и на владите на „петката“ за време на самитот вчера. Во него се одразени главните прашања врз кои треба да работат земјите од алијансата.

Перспективи

Клучна тема на дискусијата на заседанието на Бизнис-советот, како што и се очекуваше, беше перспективата на новата банка за развој, како и можноста за работа во национални валути. Како што забележа министерот за финансии на Русија Антон Силуанов, новата банка за развој е создадена за финансирање инфраструктурни проекти. Најавениот капитал на банката е 100 милијарди долари. Платениот капитал изнесува 10 милијарди. Вакви средства во буџетот на РФ не се предвидени. Измените во капиталот ќе се случуваат  во текот на пет години.

До крајот на годината земјите од БРИКС ќе ги предложат своите проекти од кои новата банка за развој ќе ги избере високоефикасните. Првото финансирање ќе се случи на почетокот на следната година.

Постојат многу проекти. Има и такви кои се веќе сериозно разработени. Уште пред една година на самитот во Бразил, руската страна даде 37 предлози, составени од Стопанската комора на РФ заедно со министерот за економски развој. Има проекти на Ростехнологија, кои се однесуваат да брзи градби, што е интересно за сите земји од БРИКС. Постои предлог од бразилската страна за изградба на трансокеанска траса, која треба да минува низ териториите на Бразил, Аргентина, Парагвај и на Чили.

Меѓу избраните проекти може да се најде и изградбата на експресната пруга од магистралата Москва-Казањ, која е замислена како дел од трасата Москва-Пекинг.

Конкурентна средина

За време на заседанието на Советот Антон Силуанов подвлече дека новата банка на БРИКС ќе мора да работи во конкурентна средина. Со оглед на тоа дека таа е создадена по Азиската банка за инфраструктурни инвестиции со истиот капитал, се разгледува прашањето за координација на нивните дејности. Станува збор за тоа дека е можна заедничка реализација на крупни концесиски проекти за кои се заинтересирани неколку земји, како што се Русија и Кина, за развој на Економскиот пат на свилата.

На агендата менаџментот на новата развојна банка на БРИКС се најде разработката на едноставни процедури за донесување одлуки. Тие не треба да бидат долги и бирократски, односно да се разликуваат во подобра смисла од другите финансиски институции.

Работни групи

Претседателот на Стопанската комора на Руската Федерација Сергеј Катирин, кој е претседател на рускиот национален дел на Бизнис-советот на БРИКС, изјави дека членовите на ова тело сметаат оти е неопходно бизнис-заедницата да има претставник во раководните органи на новата банка за развој или барем да контактира со нов, за да се има влијание врз тоа на кој начин ќе се разгледуваат и ќе се финансираат проектите.

Меѓу другите прашања што се разгледуваа на Бизнис-советот на БРИКС, беше и подобрувањето на бизнис-климата во сите земји на „петорката“, визниот режим, поедноставување за патување на бизнисмените, како и на стоките, услугите и финансиите, зближување на стандардите, на техничките декларации и на други процедури.

Според Сергеј Катирин, на петте работни групи кои работат до денес, им се приклучија уште две – за земјоделие и за отстранување на административните бариери. Последнава група е направена на тој начин што во неа доаѓаат предлози од останатите работни групи, со оглед на тоа што бариерите што му пречат на бизнисот ги има во сите сфери на работењето.

Уште една тема што беше интересна за сите е развојот на малиот и на средниот бизнис. Овој сегмент на бизнис-заедницата во Бизнис-советот на БРИКС не е многу широко претставена. Но, во секоја од петте земји постои голема заинтересираност за развој на деловните контакти не само во земјите, туку и меѓу нив.

„Како што е познато, малиот бизнис е регионален, ако не и локален, но без оглед на тоа многумина бизнисмени од оваа сфера имаат можност за извоз и за создавање заедничко производство“, подвлече Сергеј Катирин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња