Во Русија претставен шлем за читање на мисли

Обединетата корпорација за производство на уреди (ОПК) на Меѓународната изложба „Инопром” го претстави „неврон-интерфејсот” кој открива нови можности за медицината во областа на протетиката и рехабилитацијата на луѓе со различни нарушувања на моториката.

Единствениот „мозок-компјутер” кој овозможува управување со мислите со електронски и мехатронични уреди го развија специјалистите од Иниститутот за електрoнско управување со машини „И. С. Брук” кој е во состав на ОПК.

„Создадовме современа технологија за комуникација на човекот со електронски и електромеханички уреди”, рече раководителот на службата за развој и производство на медицинска опрема на ОПК Александар Кулиш. „Таа е заснована на претворање на намерите на корисникот, кои се одразуваат во електронските сигнали на главниот мозок, во контролни команди. Со силата на мислите луѓето наскоро ќе можат да управуваат со роботските протези егзоскелети, а во иднина ваквите технологии ќе овозможат управување со копнени или воздушни роботски системи.

Според зборовите на Кулиш, ОПК паралелно спроведува и тестирање на „невромускуларен интерфејс“ чија работа е заснована на детектирање на електронски сигнали од мускулните влакна. Дизајнирани се и тестирани примероци на роботски „егзопротези” кои се контролираат со помош на овој „интерфејс”.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.