Порошенко е уверен дека договорот со Русија за транзит на гас ќе биде продолжен

Претседателот на Украина Петро Порошенко е уверен дека договорот меѓу Украина и Русија за транзит на гас во Европа ќе биде продолжен по 2019 година, кога истекува важноста на сегашната спогодба, затоа што не постои алтернатива на украинската маршрута.

„Уверен сум дека транзитот преку Украина и транзитната спогодба меѓу „Нафтогас на Украина“ и „Гаспром“ или меѓу Украина и Русија ќе биде продолжен по 2019 година, затоа што не постои ни економска, ни каква било поинаква алтернатива“, изјави претседателот на Украина во вторникот, 7 јули, во Киев. Порошенко смета дека сите проекти за транспорт на гас што ја заобиколуваат Украина не се одржливи и немаат смисла.

Тој исто така соопшти дека Украина и Бугарија ќе се договорат за користење на подземните складиште на гас.  

„Украина и Бугарија под пазарни услови ќе се договорат за користење на подземните складишта на гас во Украина и во Бугарија за да ја унапредиме нашата соработка во сферата на енергетиката“, изјави украинскиот претседател.    

„Не ја исклучувам можноста, ако не се договориме, гасот за цела Европа да се купува на украинско-руската граница“, изјави Порошенко.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.