Пауер: Ветото на Русија на резолуцијата за Сребреница е дамка во историјата на СБ ОН

Одлуката на Русија да ја блокира резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Сребреница која настаните од 1995 година ги квалификува како „геноцид“, претставува дамка во историјата на Советот за безбедност на ОН, изјави постојаната претставничка на САД при ОН Саманта Пауер.

Одлуката на Русија да ја блокира резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Сребреница која настаните од 1995 година ги квалификува како „геноцид“, претставува дамка во историјата на Советот за безбедност на ОН, изјави постојаната претставничка на  САД при ОН СамантаПауер.

„Денешното гласање имаше значење, огромно значење за семејствата на жртвите на геноцидот во Сребреница. Ветото на Русија им ги скрши срцата на сите тие семејства. И тоа е уште една дамкаво историјата на овој Совет”, изјавил Пауер.

Советот стори сѐ за да ја наведе Русија да се согласи на оваа едностав резолуција која дури не ги наведува ни виновниците. Но Русија постави ограничување: во резолуцијата да не се споменува геноцидот во Сребреница“, изјави Пауер по гласањето.

 Според нејзините зборови, пред 20 години меѓународната заедница не успеа да ги заштити луѓето кои најдоа прибежиште во Сребреница, „поради што дојде до геноцид. Денес Русија одбива да ги нарече настаните во Сребреница со вистинското име и Советот повторно не може да ги исполни своите обврски”.

Претходно во четвртокот Русија стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност која се однесува на трагичните настани во Сребреница од пред 20 години.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња