Претседателот на РФ Владимир Путин во среда во Уфа ќе започне со „маратонот“ од билатерални средби на маргините на самитот на БРИКС (Бразил, Русија, Кина и ЈАР) и Шангајската организација за соработка (ШОС). Како што соопшти помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, рускиот претседател во следните три дена, покрај редовните настани, на самитот ќе има 11 билатерални и една трилатерална средба (Русија-Монголија-Кина).
Денеска рускиот лидер го очекуваат пет билатерални разговори: со претседателот на Кина Си Ѓинпин, со премиерот на Индија Нарандра Моди, со претседателот на ЈАР Џејкоб Зума, како и со претседателот на Белорусија Александар Лукаашенко и претседателот на Таџикистан Емомали Рахмон.
За четврток се предвидени средби на Путинс претседателот на Иран Хасан Рохани, со претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев и претседателката на Бразил Дилма Русеф. Освен тоа, ќе се одржи и трилатерална средба меѓу Владимир Путин, Си Ѓинпин и претседателот на Монголија Цахијагијн Елбегдорж.
За 10 јули се планирани билатерални средби со претседателите на Авганистан и Узбекистан Ашраф Гани и Ислам Каримов, како и со премиерот на Пакистан Наваз Шариф.
Од Кремљ истакнуваат дека агендата на рускиот претседател е преполна. „Јас, искрено, дури и не знам како раководителите на земјите, а особено нашиот претседател, ќе го издржат тој напор“, изјави претходно Ушаков во програмата на „Русија 24“. Тој исто така на овие средби нема договорени теми и дека „лидерите можат да покренат секакво прашање“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче