претседателски кандидат Хилари Клинтон, пренесува РИА „Новости” повикувајќи се на „Ројтерс“.
„Не вршат само Кинезите напади. Знаеме дека и претставници на други држави како што се Русија, Северна Кореја и Иран, директно и индиректно спонзорираат хакери”, рече Клинтон. „Исто така сме многу загрижени поради можноста терористички организации да имаат пристап до такви технологии“, истакна американската политичарка.
Според нејизните зборови, владата на САД, но и нејзините граѓани, мораат да сфатат дека кражбата на информации претставува сериозна закана, како и дека е потребно да се посвети особено внимание на решавањето на овој проблем. Клинтон претходно ја обвини Кина за кражба на информации, изјавувајќи дека кинеските хакери „се обидуваат да нападнат сѐ што не се движи во Америка“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче