Претседателите на Русија и САД Владимир Путин и Барак Обама во неодамнешниот телефонски разговор разменија мислења во врска со решавањето на сирискиот конфликт. Ставот на Русија е добро познат и беше потврден во овој разговор, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
На конференцијата за печат еден од новинарите потсети дека Обама на 6 јули рече дека единствен начин за решавање на ситуацијата во Сирија и спротивставување на „Исламска држава“ е формирање на нова влада без сегашниот претседател Башар Асад, како и дека американскиот претседател го информирал за тоа рускиот лидер.
„Навистина беа разменети мислења на таа тема. Рускиот став е добро познат и тој беше повторен од страна на претседателот во текот на разговорот, рече Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.