Телефонскиот разговор на претседателот на Русија Владимир Путин со премиерот на Грција Алексис Ципрас за резултатите на грчкиот референдум покажува дека односите меѓу двете земји достигнаа суштински повисоко ниво, смета претседателот на Комитетот на Советот на федерацијата за меѓународни прашања Константин Косачов.
„Интересно е што Ципрас повторно најпрвин се обраќа до Владимир Путин. Тоа е единствена ситуација“, истакна Косачов. „Тоа значи дека односите достигнаа повисоко ниво. Оваа ситуација, се рабира, може да се гледа ако нова можност за соработка меѓу Русија и Грција“, изјави Косачов за ТВ каналот „Русија 24”.
Косачов исто така особено истакна дека „Русија и Грција очигледно негуваат симпатија која има историски корени“. Двете земји негуваат „длабоки православни традиции и духовни начела, и во светот тежнеат кон истите цели и интереси“, истакна тој.
„Но, ние не можеме да бидеме поголем светец од папата и не можеме да ѝ нудиме на Грција некои решенија пред Грција да побара од нас таква помош. Сега би бил потребен политички дијалог на највисоко ниво“, заклучи Косачов.
Претходно во понеделникот, 6 јули, претседателот на Русија Владимир Путинонски разговор со премиерот на Грција Алексис Ципрас за резултатите од референдумот.
Владата на Грција смета дека земјата не може да го исплати долгот од 312 милијарди евра, што е 180% од грчкото БДП и не може да продолжи со политиката која, според нејзиното мислење, го води поголемиот дел од населението кон сиромаштија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче