„Гаспром“: Испораката на руски гас во Германија нагло порасна

Просечната дневна количина на испорачан руски гас во Германија во првите денови на јули порасна за 13% во споредба со јуни 2015 година, а поголема е за 29,7% во споредба со јулските показатели од пред една година, изјави претседателот на Управниот одбор на „Гаспром“ Алексеј Милер.

„Во Европа започна интензивна подготовка за есенско-зимскиот период. Просечната испорака на руски гас за Германија е зголемена во првите денови на јуни за 13% во споредба со јунските показатели, а во однос на јули од минатата година доживува пораст од 29,7%”, изјавиМилер на состанокот на кој беа сумирани резултатите од работата во текот на првата недела на јули.  

Претходно претседателот на Управниот одбор Алексеј Милер изјави дека прашањето за изградба на нови капацитети за транспорт на гас во западна Европа не само што е актуелно, туку во моментов се наоѓа на европскиот дневен ред.

„Испораките за гас на Германија во мај пораснаа за 68% во споредба со мај минатата година. Со оглед на сегашната побарувачка на гас, прашањето за изградба на нови капацитети за транспорт на гас во Западна Европа не само што е актуелно, туку и се наоѓа на дневниот ред“, изјави Милер.

Во декември 2014 година Милер изјави дека „Гаспром” ја менува својата политика за работење во Европа.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.