Потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин саркастично је прокоментира намерата на Германија да испрати свои војници во Украина за да учествуваат во воени вежби.
„На местата на „воената слава“?“, напиша Рогозин на својот Твитер профил.
Министерството за надворешни работи на Германија соопшти дека Вооружените сили ова лето ќе учествуваат во воените маневри во Украина, пишува „Дојче Веле“. Како што наведува изданието, во план е „одделни војници“ да се анагажираат во воените вежби на копнените сили „Rapid Trident“ кои ќе се одржат на 50 километри од Лавов под команда на САД, како и во воено-поморските вежби „Sea Breeze“ во Црното море.
Исто така, во 2015 година во план е да се спроведат украинско-американски вежби „Fearless Guardian-2015”, „Sea Breeze-2015” и „Saber Guardian/Rapid Trident-2015”, како и украинско-полски воени маневри на авијациските единици „Безбедно небо-2015” и единиците на воената полиција „Закон и ред-2015”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче