„Фајненшел Тајмс“: Русија е опасна токму кога е изолирана

Санкциите против Русија што се на сила веќе втора година не ја постигнаа својата основна цел, а тоа е решение на конфликтот во Украина, сметаат аналитичарите на „Фајненшел Тајмс“, а пренесува РИА „Новости”.

Санкциите против Русија што се на сила веќе втора година не ја постигнаа својата основна цел, а тоа  е решение на конфликтот во Украина. Поради тоа европските дипломати мораат да обрнат внимание на сигналите од Москва и да водат преговори, а не да се вплеткуваат во нова студена војна, сметаат аналитичарите на „Фајненшел Тајмс’, а пренесува  РИА „Новости”.

Авторите на статијата наведуваат дека западните политичари постигнале консензус дека Владимир Путин „нема напад на бес” и дека не се обидува да создаде руска или советска империја “во буквална смисла“.

Меѓу, како што пишува бритатанското издание, Москва настојува да ја прошири „зоната на контрола“ барем во поранешните советски републики, што е неопходно за обезбедување на безбедноста на Русија.

„Таквата зона на контрола ќе ѝ обезбеди на Москва вето за зачленувањето на Грузија и Украина во НАТО-алијансата и која ја смета Русија за непријателска, а со која доминираат САД”, истакнуваат аналитичарите.

Ваквата ситуација, сметаат авторите, е условена со тоа што Русија по завршувањето на студената војна „не е прифатена во големото европско семејство, а Европа и САД ја искористија таквата слабост за да ги проголтаат нејзините поранешни сојузници, ширејќи ги ЕУ и НАТО до прагот на Русија“.  

Експертите истакнуваат дека Москва „настојува темелно да го ревидира општиот систем за безбедност на континентот“, како и дека „процесот за усогласување на ставовите на двете земји може да одземе многу време“. Сепак таквиот договор ќе овозможи решавање не само на украинската криза, туку и на првобните причини за овој конфликт, односно загрозувањето на националната безбедност на Русија од страна на НАТО. Ескпертите истакнуваат дека се согласуваат со изјавата на едно од официјалните лица на една руска државна компанија дека е „неопходно да се сфати дека Русија е опасна токму кога е изолирана“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња