Министерство за одбрана на РФ: „Невидливите” авиони на САД се рекламен трик

Зенитно-ракетните единици на Воено-воздушните сили на Русија (ВВС) можат да ги идентификуваат американските „невидливи” авиони, изјави началникот на Зенитно-ракетните единици на ВВС РФ генерал-мајор Сергеј Бабаков.

Зенитно-ракетните единици на Воено-воздушните сили на Русија (ВВС) можат да ги идентификуваат американските „невидливи” авиони, изјави началникот на Зенитно-ракетните единици на ВВС РФ генерал-мајор Сергеј Бабаков.

„Американските „невидливи“ авиони се голем и рекламен трик. Дури и нашите стари радари Р-118 можат да ги идентификууваат авионите F-117. Значи, невидлива капа засега нема никој“, рече Бабаков.

Тој додаде дека зенитно-ракетните системи С-300 во руската војска плански се менуваат со современите С-400. Според неговите зборови, освојувањето на новата технологија оди во две насоки: основно образование во Вишата зенитно-ракетна школа во Јарослављ и преквалификација на офицерите во Центарот за обука на зенитно-ракетните единици.

„Полковите кои први ќе добијат ново вооружување, вклучувајќи С-400, се преквалификуваат во Центарот за обука на зенитно-ракетните системи. Потоа заминуваат во специјална база каде ги добиваат зенитно-ракетните системи во полна опрема, а потоа гаѓаат од нив за да биде техниката во целосна готовност“, рече Бабаков.

Тој, исто така, ги спомена и тестирањата на ракетите од голем дострел С-400. „Државните тестирања на оваа ракета се во завршна фаза. Мислам дека во најблиска иднина ќе бидат успешно завршени”, истакна началникот на Зенитно-ракетните единици на ВВС РФ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.