Американскиот политиколог и поранешен советник за безбедност во администрацијата на американскиот претседател Џими Картер Збигњев Бжежински ја прокоментира ситуацијата во Украина и изјави дека постојат одредени сличности меѓу Хитлер и рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Шпигел“, а пренесува „Газета.Ru”.
Бжежински, меѓу другото, рече дека расправите за реакцијата на светската заедница на дејствувањето на Русија го потсетува на расправата по прашањето за аншлусот на Австрија и припојувањето на Судетите кон нацистичка Германија.
На прашањето на новинарот дали го споредува Путин со Хитлер, американскиот политиколог рече дека постојат сличности. „Сметам дека постојат некои сличности, но и разлики”, додаде Бжежински. Тој истакна дека рускиот претседател првенствено се разликува од Хитлер, затоа што сака да заработи пари, што смирува и претставува фактор на стабилност на Путиновата политика.
Тој додаде дека студената војна меѓу Западот и Русија веќе почна, како и дека се мали шансите да се претвори во „жежок конфликт“. Претходно тој изјави дека Украина нема да биде примена во НАТО.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче