Тбилиси побара од Москва 70,3 милиони евра за масовната депортација на државјани на Грузија од Русија во 2006 година, соопштува РБК.
Грузиското министерство за правда во четвртокот, 2 јули, испрати во Европскиот суд за човекови права барање во кое ја наведе оваа сума за компензација.
Документот се заснова на одлуката на судот од Стразбур од 3 јули 2014 година за предметот „Грузија против Русија“. Тогаш ЕСЧП во својата одлука изјави дека во 2006 година Москва ги прекршила членовите на Европската конвенција за човекови права со тоа што депортирала 2380 грузиски мигранти. Судот ја побврза Москва да му исплати на Тбилиси компензација во износ кој на Грузија беше понуден самата да го определи.
Москва не ги призна обвинувањата и ги сметаше сите претении за неосновани. Руската срана изјави дека ЕСЧП не нашол докази за депортација на грузиски државјани кои се наоѓале на територијата на РФ законски. Како што истакна Москва, не се утврдени ни факти за депортацијата на етнички Грузијци кои би биле државјани на Русија.
Операцијата за депортација на мигрантите беше спроведена во 2006 година. Според податоците на Федералната служба за миграција, на територијата на Русија до тој момент нелегално се наоѓале до еден милион државјани на Грузија. Според информациите на Тбилиси, во текот на операцијата, од земјата биле депортирани вкупно 2680 луѓе. Грузиските власти ја проценија депотацијата како одговор на Москва на приведувањето во Тбилиси на четворица Руси осомничени за шпионажа. Како последица на тоа Грузија ги предаде осомничените на претставници на ОБСЕ кои пак, од своја страна, ги испратија Русите во татковината.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче