Путин им го честиташе денот на независноста на САД

Во телеграмата со честитки до американскиот претседател по повод Денот на независноста на САД рускиот претседател изрази увереност дека Русија и САД се способни да изнаоѓаат решенија за најсложените меѓународни проблеми.

Претседателот на Русија Владимир Путин во телеграмата со честитки до американскиот претседател Барак Обама во врска со Денот на независноста на САД изрази увереност дека Русија и САД можат да ги решаваат најсложените меѓународни проблеми и да се спротивстават на глобалните предизвици, соопштува прес-службата на Кремљ.

„В.В. Путин изрази уверенност дека со изградба на дијалог врз основа на принципите на рамноправност и заемно почитување на меѓусебните интереси, Русија и САД се способни да изнаоѓаат решенија за најсложените меѓународни проблеми и ефикасно да се спротивстават на глобалните закани и предизвици“, се вели во соопштението на Кремљ.  .

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња