Целта на западните санкции е смена на раководството на Русија, убеден е секретарот на Советот за безбедност на РФ Николај Патрушев.
Тој изјави дека Русија ќе примени мерки против земјите што ги поддржуваат антируските санкции.
Патрушев им соопшти на новинарите дека на 3 јули по завршувањето на седницата на Советот за безбедност на РФ било решено да се коригира стратегијата за национална безбедност. Според неговите зборови, треба да се подготви и стратегија за економска безбедност до 2030 година, како и да се внесат измени во концепцијата на надворешната политика на Русија.
Секретарот на рускиот Совет за безбедност исто така укажа на тоа мерките на Западот за обезбедување на својата доминација во светот се ефикасни „во определен степен“, пренесува „Интерфакс“. Тој изјави и дека иницијатор на сегашните настани во Украина се токму САД, и ако Вашингтон не сака да ја нормализира состојбата, сегашната ситуација ќе се одолжи.
„Мислам дека европските земји кои учествуваа во Минската спогодба се заинтересирани за нормализација“, изјави Патрушев.
Патрушев истакна дека голема штета земјата трпи не од санкциите, туку од оринетираноста кон извозот на јагленоводороди и зависноста од увозот на технологијата. „Во моментов се разработуваат мерки за да се ослободиме од тоа“, потенцираше тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче