Потпретседателот на владата на Крим Дмитриј Полонски идејата за повторно одржување на референдум ја нарече „еклатантна глупост”, истакнувајќи дека жителите на полуостровот веќе го направија својот избор.
„Ние ништо не повторуваме двапати. Тоа е еклатантна глупост. Нема потреба од особено паметни и скапоцени совети. Подобро да ја проучат ситуацијата и да дадат објективен коментар на она што се случува во Донбас. Нека го прокоментираат кршењето на човековите права и слободи во Украина“, изјави Полонски за радио-станицата „Зборува Москва”.
Притоа потпретседателот на кримската влада истакна дека „демократското изјаснување на граѓаните го потврдија бројни меѓународни набљудувачи“.
„Русите нема по којзнае кој пат да им докажуваат на некои луѓе дека белото е бело, нема да се понижуваат пред никого, особено не пред некакви меѓународни организации кои ја загубиле довербата”, заклучи Полонски.
Претходно висок европски функционер изјави дека постои можност Брисел да ги разгледа резултатите од новиот референдум на Крим доколку истиот биде одржан во присуство на набљудувачи на ОБСЕ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче