Призводството на гас кај „Гаспром“ во јуни опадна за 19% на годишно ниво до рекордно нискиот показател од 24,7 милијарди кубни метри гас. Ова се оценките наведени од страна на „Сбербанк ЦИБ“. По првите шест месеци падот на производството се оценува на 12,9%.
Како што може да се види од статистиката на Централната диспечерска дирекција на ТЕК, за шест месеци во 2015 година „Роснефт“ го зголемила производството за 15,9% на 30,8 милијарди метри гас, „Новатек“ - за 7,8 % на 33,7 милијарди кубни метри, „Гаспром нефт“ - за 41,7 % на 11,9 милијарди кубни метри, „Лукоил“ – за 1,7% на 9,4 милијарди кубни метри. За „Гаспром“ не е дадена статистика.
Аналитичарите на „Сбербанк ЦИБ“ истакнуваат дека побарувачката за гас на внатешниот пазар продолжила да опаѓа како последива на падот на индексите на економскиот развој во вториот квартал. Тие обрнуваат внимание на тоа дека „Гаспром“ успеал малку да ја подобри извозната статистика за мај-јуни, по што извозот на гас за првото полугодие 74,4 милијарди кубни метри во споредба со минатогодишните показатели).
Во анализата на „Сбебанк ЦИБ“ се наведува дека „нереалните планови за производство на „Гаспром“ се базираат на очекувањата за обнова на извозот на гас во второто полугодие како последица на намалувањето на цената на гасот, падот на производството на гас во Европа и потребата од пополнување на подземните резервоари за гас. „Гаспром“ очекува дека во 2015 година извозот на гас во Европа ќе порасне на 153-155 милијарди кубни метри наспроти 147 милијарди кубни метри од минатата година.
До јули месец, подземните резервоари за гас во 28 земји на ЕУ беа пополнети само за 47% при нормално ниво од 65-70 проценти. Тоа подразбира подоцнежна побарувачка за 5-10 милијарди кубни метри гас. Украинските подземни резервоари за гас се полни само 39 проценти (тоа значи уште 6-7 милијари кубни метри побарувачка).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче