Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали Русија ќе ја искористи неодамнешната посета на премиерот на Грција Алексис Ципрас на Москва и на Санкт Петербург за да ја зацврсти својата позиција на Балканот, Ернест одговори: Кога станува збор за односите на Грција со Русија, таа, секако, може да ги гради своите меѓународни односи на начин на кој смета дека е потребно од гледна точка на своите интереси. Но, јас веќе се искажав во врска со посетата на грчкиот премиер на Москва и реков дека овие две земји и нивните лидери сега располагаат со сосема нестабилни економии“.
Ернест исто така забележа дека Соединетите Американски Држави се уверени во неопходноста од продолжување на преговорите помеѓу европските кредитори и Грција со цел таа да може да остане во Еврозоната. Тоа им одговара не само на интересите на Грција и на Европската Унија, туку и на САД, забележа порт-паролот на Белата куќа. Тој појасни дека кризата во Грција директно не влијае на американската економија, но дека индиректно може да има негативно влијание, со оглед на тоа што таа има влијание на ситуацијата во сите земји од Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче