Ова вчера во емисија на радиостаницата „Руска служба за вести“ го изјави првиот човек на Изборната комисија на Русија Владимир Чуров.
„Засега само во еден субјект, а тоа е Ростовската област, нема кандидати за губернатор. Во сите останати субјекти веќе имаме 95 кандидати од 22 политички партии“, изјави Чуров.
За учество во изборите на разни нивоа се имаат пријавено 33 политички партии. Изборите ќе се одржат на 13 септември, а на нив ќе бидат избрани првите луѓе на 21 регион. Директните избори за губернатори беа повторно воведени во 2012 година. На 2 април 2013 година во законот беше внесен амандман за можност на замена на гласањето на директни избори со кандидатура на регионалните раководители со гласање во парламентот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче