Широкино – демилитаризирана зона

Властите на самопрогласената Донецка народена република објавија дека територијата околу населеното место Широкино е демилитаризирана зина. Ова денес за новинарте го изјави потпретседателот на Донецката народна република Денис Пушилин.

Ваквиот чекор тој го нарече „гест на добра волја“ и очекува дека истиот ќе овозможи возвратни дејствија од страна на Киев. „Ова претставува прв вистински чекор во воспоставувањето дијалог помеѓу независните републики и украинското раководство“, изјави Пушилин.

Во исто време, Пушилин изјави дека сега е потребно во регионот да се воспостави контрола, која ќе им биде предадена на набљудувачите од мисијата на ОБСЕ, „кои во исто време ќе бидат гарант за мирот и спокојството“.

Инаку Широкино се наоѓа помеѓу Мариупољ и Новоазовск и е едно од местата со најмногу судири со оглед на тоа дека претставува извесна гранична линија помеѓу учесниците во конфликтот на истокот од Украина. Откако беше прекинат огнот, сите цивили го напуштија ова населено место.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.