Ваквата ситуација можеше да се предвид со оглед на тоа што претходно самата украинска компанија изјави дека од среда 1 јули, таа ќе добива гас само од Словачка.
Првиот човек на рускиот гасен монопол Гаспром Алексеј Милер даде изјава за новинарите. „Украина не плати за испорака на гас за јули. Од 10 часот (по московско време – заб. ред.) на 1 јули испораките на Гаспром за Украина се прекинати. Гаспром нема да врши испорака на гас без претплата“.
Вчеравечер, пак, Нафтогас објави дека ќе запре со купување гас од Украина, а ваквата одлука во компанијата ја објаснија со тоа што на тристраните преговори во Виена не биле договорени условите за понатамошна испорака.
Владата на РФ, пак, претходно се согласи да ѝ даде попуст на Украина во износ од 40 американски долари за илјада кубни метри, така што цената се спушти на 247.17 американски долари. Министерот за енергетика на Русија Александар Новак изјави дека не постои можност за давање поголем попуст, зашто на тој начин цената ќе падне пониско од пазарната. Но, дури и ваквиот попуст не беше доволен за украинската страна, што резултираше со целосен прекин на испораките на гас за рускиот сосед.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче