„Сметаме дека поддршката која режимот на САД ја добива од Русија и другите приврзаници му овозможува да го избегнува барањето на конструктивен прекин на конфликтот во Сирија по пат на преговори“, изјави официјалниот претставник на Стејт департментот на САД, коментирајќи ја посетата на министерот за надворешни работи на Сирија Валид Муалем на Мсоква.
Според неговите зборови, Вашингтон „не сака да продолжи давањето каква-било поддршка на режимот на Асад“. САД инсистираат за конфликтот во Сирија да се најде решение по пат на преговори, „се разбира, кое нема да го вклучува Асад“, истакна Тонер.
Тој исто така соопшти дека САД нема да поддржат таква коалиција за борба против „Исламската држава“, а во чиј состав ќе влегува сегашната влада на Сирија. Според него, владата на Сирија „ја загуби сета легитимност“.
„Нејзините активности против сирискиот народ ја исклучуваат од каква-било значајна дискусија за обезбедување на мирот и стабилноста во тој дел од светот“, смета претставникот на американскиот Стејт департмент.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче