Рогозин ги коментираше санкциите на Канада

Потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин, коментирајќи го проширувањето на санкциите на Канада против Русија, изјави дека премиерот на оваа земја Стивен Харпер ги „уништи можностите за развој на сопствената авио-индустрија”.

„Харпер трчајќи по гласовите на Канаѓаните со украинско потекло ги уништи можностите за развој на сопствената авио-индустрија, која планираше да склучи договор со Русија“, напиша Рогозин на својот профил на Твитер.

Претходно во Државната дума беше изнесен предлог за воведување реципрочни мерки како одговор на санкциите на Канада.  

Првиот заменик-претседател на комитетот на Државната дума за економска политика Михаил Емелјанов смета дека Русија треба да се откаже од заедничките проекти со канадската компанија за машиноградба „Бомбардие“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња