Најчесто на интернет се барани стиховите на Александар Сергеевич Пушкин – околу 18% од сите пребарувања за дела на рускојазични поети отпаѓаат на него, ги соопшти „Јандекс“ резултатите од истражувањето „Ако не е Пушкин, тогаш кој“.
„Анализиравме над 35 милиони пребарувања во текот на годината и дознавме кои рускојазични поети и кои дела се со најголема популарност“, се вели во соопштението на компанијата.
Најпопуларното дело е исто така напишано од Пушкин – тоа е неговиот роман во стихови „Евгениј Онегин“. Во текот на годината за него се пребарувало речиси еден милион пати и притоа биле употребени 45 илјади различни формулации.
Втор по популарност е Лермонтов со 7,6% од сите пребарувања за стихови. 32% пребарувања се посветени на „Златниот век на руската поезија“, малку помали се за „Сребрениот век“ - 26% пребарувања. Тука водат Сергеј Есенин (7%) и Александар Блок (3%). Од поетите родени во XX век, најпопуларен е Јосиф Бродски.
Како што соопштува „Јандекс“, најпознати песни има напишано Марина Цветаева - за една година луѓето барале 1260 нејзини песни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче