Бжежински: Потребно е да се убеди Русија дека Украина нема да ја примат во НАТО

Русија треба да ја убедат во тоа дека Украина нема да ја примат во НАТО, изјави Збигњев Бжежински, поранешен советник за национална безбедност во администрацијата на претседателот на САД Џими Картер.

Русија треба да ја убедат во тоа дека Украина нема да ја примат во НАТО, изјави Збигњев Бжежински, поранешен советник за национална безбедност во администрацијата на претседателот на САД Џими Картер.

Американскиот политичар се залага за испорака на одбранбено оружје на Украина и на тој начин, за нејзино приближување до Европа, како во Финска – без да се налути Русија, пренесува „Дојче Веле“ повикувајќи се на „Шпигел Онлајн“.

Американскиот аналитичар ги оцени напорите на германската канцеларка Ангела Меркел за решавање на „руско-украинскиот конфликт“.

„Меркел врши извонредно добра работа. А Обама ги решава другите проблеми, на пример, на Блискиот Исток“, го коментираше експертот мислењето на новинарите дека претседателот на САД фактички ѝ ја предаде на канцеларката на Германија раководната улога во решавањето на украинската криза.  

Бжежински потенцира дека Русија и САД веќе одамна се наоѓаат во ситуација на студена војна, меѓутоа изрази увереност дека таа нема да се претвори во „жежок конфликт“.

Претходно американскиот политиколог искажа став дека при решавањето на украинската криза треба да се земат предвид руските интереси, сепак, во случај на обнова на воените дејствија, САД треба да почнат со испорака на оружје за Киев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња