„Берлускони повторно ја презеде обврската на посредник во комуникацијата со Путин“, пишува италијанскиот „Ил џорнале“. Поранешниот премиер на Италија пристигна во РУсија и веќе неколку дена не се одвојува од рускиот лидер.
„Поранешниот премиер го следи Путин насекаде... Вчера дури и отпатува со него на Алтајските планини“, пишвуа изданието. Италијанскиот политичар ја оцени убавината на Сибир. „Прекрасно место во природа“, истакна Берлускони. Впрочем, тој дискутира со Путин не само за сибирските убавини, туку и за политика, вклучително и за Сирија, Ирак, Украина.
Берлускони уште од самиот почеток беше голем противник на расипувањето на односите меѓу Русија и Западот и воведувањето на санкциите. А неодамнешните трагични настани уште повеќе го убедија во потребата од обнова на односите со Москва за спротивставување на исламскиот тероризам. „Путин е наш природен сојузник против исламскиот интегрализам“, многупати има изјавено поранешниот шеф на италијанската влада.
Истовремено Берлускони сфаќа дека во дадениов момент тој нема никакви овластувања на државно ниво. Сепак, според самиот политичар, тој „се наоѓа во добри односи со многумина од главните активни лица во меѓународната политика и е почитуван од нив“. Затоа тој сака „да направи добро дело за светот и за подобрување на односите меѓу Европа, САД и Руската Федерација“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче