Воено-поморската флота на Русија ќе претстави нов подводен роботизиран апарат

Од 1 до 5 јули 2015 година во Санкт Петербург ќе се одржи Меѓународно воено-поморско шоу.

Воено-поморската флота на Русија првпат ќе го претстави на Меѓународното воено-поморско шоу во Санкт Петербург автономниот подводен апарат „Концепт“, наменет за работа на длабочина до илјада метри, соопшти во понеделникот претставникот на прес-службата на Министерството за одбрана на РФ за ВМФ капетан 1 класа Игор Дигало.

„Првпат на Меѓународното воено-поморско шоу во Санкт Петербург ќе биде претставен автономниот подводен апарат „Концепт“, наменет за работи за пребарување и истражување на длабочина до илјада метри“, соопшти Дигало.

Тој додаде дека гостите и учесниците во шоуто ќе можат да го видат и модуларниот чамец за пребарување и спасување на проектот 23370 и најновите апарати за пребарување и спасување „Марлин-350".

На шоуто ќе бидат презентирани и современи средства за работа на нуркачи на дадени длабочини – опремата за нуркање СВУ-5 и коморите за декомпресија БКД-1000, БКД-1600 и БКД-120.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња