Шојгу: Руската воена морнарица ќе добие осум нови бродови и две подморници

Воената морнарица на Русија до крајот на 2015 година ќе добие осум бродови, меѓу кои и фрегатата „Адмирал Горшков”, и две подморници, соопшти министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.

Воената морнарица на Русија до крајот на 2015 година ќе добие осум бродови, меѓу кои и фрегатата „Адмирал Горшков”, и две подморници,  соопшти министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.

„До крајот на годината Воената морнарица на Русија ќе добие осум бродови од основните класи, меѓу кои и првата фрегата „Адмирал Горшков“ и корветата „Совршен“, како и уште две подморници од проектот 636 за Црноморската флота“, изјави Шојгу.

Оваа година морнарицата веќе доби десет корвети за различна намена, истакна министерот за одбрана на Русија.

Министерството за одбрана на Русија оваа година исто така планира завршување на изградбата на 45 објекти за сместување на нови подморници во составот на Северната и Тихоокеанската флота, како и во Новоросијската поморска база. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња