Русија стана третиот најкрупен партнер во Азиската банка за инфраструктурни инвестиции, по Кина и Индија, со 5,92% гласови. Кина доби 20,06%, а Индија 7,5% гласови, сообшти агенцијата „Ксинхуа“.
Церемонијата на потпишување на главниот документ за формирање на Азиската банка за инфраструктурни инвестиции (АБИИ) се одржа во понеделникот утрото во Домот на народните собранија во Пекинг. Како што се соопштува на сајтот на Министерството за финансии на Кина, во церемонијата учествуваа 300 делегати од 57 земји-основачи на новата банка. Во документот делегатите го дефинираа уделот на капиталот, уделот на гласовите на учесниците, структурата на управување, механизмот за донесување на одлуки, функционирањето и деловното работење.
Како што изјави за агенцијата „Ксинхуа“ заменик-министерот за финансии на Кина Ши Јаобин, Кина не се стреми да добие вето во банката. Министерот за финансии на Кина Лоу Џивеј, од своја страна, говорејќи на церемонијата, потенцираше дека банката ќе функционира според високи стандарди и ќе ги почитува меѓународните прописи.
Како што раскажа за РИА „Новости“ пред потпишувањето на договорот амбасадорот на РФ во Кина Андреј Денисов, Русија влегува во петте најголеми партнери во АБИИ, тоа значи дека може да претендира на бројни позиции во раководството на банката. Тој исто така истакна дека учеството на Русија во АБИИ има „потполно конкретно и реално значење“, а не е само политички гест или израз на солидарност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче