Путин: Руската политика спрема Сирија останува непроменета

Политиката на Русија, насочена кон давање поддршка на раководството и народот на Сирија кои се борат против агресијата на терористите, останува непроменета, изјави во понеделникот претседателот на Русија Владимир Путин.

Политиката на Русија, насочена кон давање поддршка на раководството и народот на Сирија кои се борат против агресијата на терористите, останува непроменета, изјави во понеделникот, 29 јуни, претседателот на Русија Владимир Путин.

„Гледаме како ситуацијата во Сирија се комплицира, пред сѐ во врска со агресијата од меѓународниот тероризам. Сфаќаме дека во такви околности успехот секогаш го следат извесни проблеми, може да дојде и до воени неуспеси. Но ние сме уверени дека на крајот сирискиот народ ќе победи. И нашата политика, насочена кон давање поддршка на Сирија, сириското раководство и сирискиот народ, останува непроменета“, изјави Путин на средбата со министерот за надворешни работи на Сирија Валид Муалем.

Рускиот претседател ја повика Сирија и сите нејзини соседи, вклучувајќи ги Турција и Саудиска Арабија, да воспостават конструктивен дијалог со цел борба против тероризмот.  

Освен тоа, според зборовите на Путин, Русија ќе го поддржи основањето коалиција за борба против тероризмот ако Дамаск смета дека тоа е потребно и можно.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.