Портпаролот на претседателот на Русија изрази страв по повод последиците од можниот банкрот на Грција и финансиската криза во оваа земја.
„Знаете, Москва несомнено внимателно го следи развојот на настаните во Европската унија во контекст на кризата во Грција“, изјави Песков.
„Се разбира дека сме загрижени поради можните негативни последици по целиот простор на Европската унија“, изјави Песков.
Во понеделникот, 29 јуни, Атина објави дека го укинува плаќањето за превоз во сите видови на градскиот сообраќај, додека банките во Грција се затворени, што е мерка на грчката влада која ќе трае до 6 јули. Подигнување готовина од банкомати исто така е ограничено на 60 евра дневно.
На 5 јули во Грција ќе биде одржан референдум за прифаќање или одбивање на предлозите на кредиторите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче