„Гаспром“ му нуди на „Нафтогас на Украина“ дополнителен договор за испорака на гас

„Гаспром“ достави до „Нафтогаз на Украина“ понуда за анекс на договорот за испорака на Украина гас во третиот квартал, соопштија од рускиот холдинг.

„Гаспром“ достави до „Нафтогаз на Украина“ понуда за анекс на договорот за испорака на гас за Украина во третиот квартал, соопштија од рускиот холдинг.

„Гаспром“ предлага задржување на условите и редоследот на испорака за третиот квартал, а кои важеа за вториот квартал, вклучувајќи и авансно плаќање.

Претходно во понеделникот премиерот на Русија Дмитриј Медведев соопшти дека конечната цена на гасот за Украина ќе изнесува 247 долари и 18 центи за илјада кубни метри. Според него, соодветната пресметка била направена по официјалното барање од Украина за задржување на цената на енергентот.

Истовремено Дмитриј Медведев наложи да продолжи дијалогот со Украина и ЕУ во врска со гасот.

Министерот за енергетика на Русија Александар Новак потврди дека на 30 јуни ќе се одржи трилатерална средба меѓу РФ, ЕУ и Украина на тема руски гас за Украина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.