Штајнмаер: Германија не треба да дозволи изолација на Русија

Не смее да се игнорира фактот дека Русија учествуваше во создавањето на европскиот повоен поредок, изјави министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер.

Русија била и ќе остане најважен сосед на ЕУ и Германија, заедно со нас таа ја дефинира иднината на Европа, изјави во интервју за „Велт ам Зонтаг“ министерот за надворешни работи на Германија  Франк-Валтер Штајнмаер.

Размената меѓу Москва и Вашингтон на закани за зголемување на нуклеарните потенцијали во Европа и на нејзините граници Штајнмаер ја окарактеризира како „стари рефлекси на студената војна кои се сѐ уште живи“. Меѓутоа светот се смени и повеќе не се состои од две големи суперсили и не се дели на Исток и Запад.

„Ние треба да се грижиме да не дозволиме да се сруши сѐ што беше со толав труд изградено во Европа со децении. И ние не можеме да го игнорираме фактот дека Русија учествуваше во изградбата на европскиот повоен поредок“, изјави министерот.  

На прашањето може ли да си замисли воспоставување нормални, дури и пријателски односи со Москва во најблиска иднина, Штајнмаер одговори дека „тоа би било сосема пожелно“.

„Сепак, зависи од тоа колку Русија е подготвена да ѝ помогне на Украина да го надмине конфликтот. Се разбира дека Германија не треба да дозволи изолација на Русија. Русија останува најважен сосед на ЕУ и наш најважен сосед, заедно со нас таа ја дефинира иднината на Европа“, изјави министерот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња