Русија најдобра на Европските игри

Завршија првите Европски игри, Русија освои 79 златни медали.

Руската репрезентација освои вкупно 164 медали на игрите - 79 златни, 40 сребрени и 45 бронзени, пренесува ТАСС.

Второто место го зазедоа домаќините на натпреварувањето – Азербејџан (21-15-20), а третото – Велика Британија (18-10-19), пренесува „Интерфакс“.

Церемонијата на затворање на Игрите ќе се одржи вечерва.

Русија стана победник на Европските игри во екипна конкуренција.

Селекцијата за Европските игри ја поминаа 360 руски спортисти од 49 региони. Во составот на репрезентацијата влегоа 7 олимписки шампиони и 34 шампиони на светот на различна возраст.

Мнозинството лидери на ЕУ ги игнорираа игрите, а Германија го обвини Азербејџан и за прекршување на човековите права.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.