Русија ќе понуди да достави дел од американскиот товар на МВС

Според раководителот на летање на рускиот дел од станицата Владимир Соловјев, екипажот на МВС е обезбеден со сите неопходни работи и нема да ја забележи загубата на „Змеј“.

Русија ќе им понуди на САД место на товарниот брод „Прогрес“ за достава на американскиот товар на Меѓународната вселенска станица, изјави во неделата за ТАСС  раководителот на летање на рускиот сегмент од станицата Владимир Соловјев.

„Прогресс“ стартува за една недела, не можеме многу да ви кажеме, но утре наутро ќе се обратиме  до американските колеги, ќе им ги дадеме нашите предлози што можеме да земеме (од нивните товари на товарниот брод „Прогресс“)“, изјави Соловјев.

Тој прецизираше дека на американскиот товарен брод „Змеј“ (Dragon) што експлодираше по полетувањето, немало руски товар. Соловјев истакна дека немало потреба за тоа, затоа што на 3 јули заминува руски брод до МВС.

Според него, загубата на бродот „Змеј“ нема да се одрази врз екипажот на МВС, затоа што на станицата има задолжителна резерва од сѐ што е потребно.

Како што беше соопштено претходно, ракетата-носач „Фалкон 9“ со товарниот брод „Змеј“ експлодираше три минути по лансирањето кон МВС. Бродот требаше да достави на станицата околу 2 тона товар (прехранбени продукти, опрема и материјали за научни експерименти).

Вселенскиот товарен брод „Змеј“ е создаден од американската компанија „СпејсЕкс“ (SpaceX). Тоа е единствениот во светот товарен брод за повеќенаменска употреба. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.