Средба меѓу водачите на Католичката црква и Руската православна црква е можна „во најблиска перспектива“ на „неутрална територија“. Ова го изјави во интервјуто за „Кориере дела Сера“ објавено во неделата претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московскиот Патријархат митрополитот Волоколамски Иларион.
„Не се разгледува патување на римскиот папа во Москва. Но се дискутира за можност за средба. Меѓутоа таа треба да биде внимателно подготвена и да се одржи на неутрална територија“, изјави Иларион.
Тој изјави дека „многу земји веќе се понудија“, спомнувајќи ги Австрија и Унгарија.
„Не сакам да наведам датум, но динамиката ветува многу и јас гледам добра перспектива и се надевам дека средбата ќе се одржи не меѓу папата и патријархот, ами меѓу сегашните водачи (на црквите)“, изјави владиката.
Според него, односите меѓу Ватикан и РПЦ последниве години се подобрени. „Позитивната еволуција започна од понтифот Бенедикт XVI (претходникот на Франциск)“, изјави Иларион, додавајќи дека тенденцијата за зближување продолжува и со сегашниот папа, кој уште во 2014 година изрази подготвеност да се сретне со патријархот Кирил.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче