На распоредувањето на новите ракетни системи ПВО С-400 на границата на РФ не треба да му се придава големо значење, НАТО нема намера да ја нападне Русија, смета поранешниот американски амбасадор во РФ Мајкл Мекфол.
„Нема потреба да се крева врева околу распоредувањето на С-400 на руските граници. НАТО никогаш нема да ја нападне Русија“, напиша Мекфол на својата страница на Твитер.
Во друга објава тој напиша дека „Русија исто така не треба да се вознемирува поради одбранбеното оружје на НАТО на границите на Русија, затоа што Русија не изјавила дека има планови за инвазија врз земјите на Алијансата“
Последната објава на поранешниот амбасадор има најсилно значење: „Само будала би ја нападнал Русија. Среќа не се будали оние кои ги водат земјите на НАТО“.
Претходно беше соопштено дека современите ракетни системи со голем дострел С-400 „Триумф“ и системите „Панцир-С“ до крајот на годината ќе станат дел од единиците на ПВО на Западниот воен округ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче